Дијана Јоветиќ по пауза од неколку години се враќа во ракометот

Поранешната репрезентативка на Хрватска, Дијана Јоветиќ по пауза од неколку години се враќа во ракометните води и во продолжението од сезоната ќе настапува за унгарскиот суперлигаш – Вац. Јоветиќ во дресот на Вац дебитираше против Фехервар во 16.коло во унгарската лига каде што натпреварот заврши без победник, а Јоветиќ имаше голема улога во скромниот резултат.

Иако Вац имаше проблеми сепак е на добар пат да обезбеди опстанок во унгарската супер лига. Дијана Јоветиќ ја зголеми балканската колонија во Унгарија каде во скоро сите унгарски клубови кои се учесници во најквалитетната лига има интернационалки од балканските земји.

Јоветиќ имаше успешни настапи за Подравка, а настапуваше и за екипите на ЖРК Будуќност, Есбјерг, Крим Меркатор, Локомотива Загреб и Краш Загреб.

Фото: www.koprivnica.net