Диферданж на Брестовац и Георгиевски загуби дома од Дуделанж

Екипата на Диферданж загуби во дерби дуелот против Дуделанж на домашен терен со 22:24 во интересен меч. Гостите беа во предност во текот на целата средба, но домашните успеаја во финишот да се вратат меѓутоа не и да го свртат мечот во своја корист.

Диферданж каде тренер е Данило Брестовац имаше добра средба, но не можеше и да дојде до бодови. На овој дуел Дарко Георгиевски беше на теренот, а успеа да постигне само два гола.