Дисингер: Не верувам дека ќе играм на Мундијалот

Ракометарот на Вардар, Кристијан Дисингер не верува дека ќе добие шанса за камбек во дресот со националниот грб и настап на Мундијалот на кој неговата земја е домаќин. Тој играше на ЕП 2016 кога Германија стана првак, но се повреди и мораше порано да го напушти континенталниот шампионат.

„Морам да играм добро во Вардар за да имам шанса за настап во националниот тим. Повредите и непостојаноста не верувам дека ќе ми донесат можност да играм на Светското првенство наредната година“, вели Дисингер.

Тој полека го пронаоѓа своето место во играта и системот на Вардар и од него во иднина се очекуваат многу голови во „црвено-црниот“ состав.