Дисингер нема да игра, ама ќе ги бодри вардарци во Сегедин

Германскиот интернационалец во редовите на Вардар, Кристијан Дисингер, нема да може да им помогне на своите соиграчи на дуелот со ПИК Сегед поради повредата од Ф4 во СЕХА лигата.

Сепак, тој отпатува заедно со другите ракометари во Сегедин и ќе ги бодри од трибините, како што тоа беше случај на претхониот натпревар во Скопје.

Левиот бек би можел да биде подготвен за Ф4 во ЛШ, ако рехабилитацијата оди како што треба.

Натпреварот меѓу ПИК Сегед и Вардар се игра утревечер со почеток во 19:00 часот.