Директорот на СЕХА лигата, Синиша Остојиќ им посака добредојде на најдобрите шест екипи во СЕХА лигата!

Организацијата на СЕХА завршницата овојпат му е доверена на клубот Веспрем, а досегашните искуства ги подигнуваат критериумите во организација на финалниот турнир од СЕХА лигата. Покрај беспрекорна организација љубителите на ракометот ќе имаат можност да ги почуствуваат ракометните мајстории на најдобрите ракометари од СЕХА лигата. Во името на организацијата, директорот на СЕХА лигата, Синиша Остојиќ им посака добредојде на сите шест екипи во Веспрем.

-Сакам да им посакам добредојде на екипите на овој турнир. Ова ќе биде круна на сезоната не само во натпреварувачка туку и организациска смисла. Среќни сме што меѓу шесте екипи има три кои продолжуваат во 1/4 финалето на Лигата на шампиони. Се надевам дека ќе уживаме во ракометот и на крај ќе може да се пофалиме со одлично одработен турнир.