Динар е новиот француски селектор, Онеста ќе биде генерален менаџер

По неуспешните настапи на ЕП во Полска, како и на ОИ во Рио, каде Франција не ги одбрани златните медали, ќе има смена на кормилото на „триколорите“. Иако беше планирано Онеста да си замине од селекторската функција по Мундијалот во Франција, сепак тоа се случи многу порано.

Негов наследник ќе биде човекот што ја извршуваше функцијата помошник, а тоа е Дидие Динар. Станува збор за поранешен репрезентативец, кој последните неколку години беше во стручниот штаб на Онеста.

Онеста, пак, во иднина ќе биде генерален менаџер во Ракометната федерација на Франција. Под неговто водство, националниот тим освои три златни медали на СП, три златни на ЕП, како и два златни медали на ОИ.

Фото:lnh.fr