Динамо Синара славеше над Луч, Ростов лесно против Уфа

Екипата на Динамо Синара во Волгоград триумфираше над Луч со 29:23 (16:12) во натпревар од Руската лига и ги задржа шансите за место меѓу првите четири екипи. Оваа сезона Динамо настапува со млади ракометарки, а поискусните ракометарки заради финансиската криза веќе го напуштија тимот на почетокот од сезоната. Динамо до овој момент има одиграно 12 натпревари, забележа осум победи и четири порази, и моментално е на четвртото место со 16 бодови, два повеќе од нивниот конкурент, Астраханочка.

Рускиот шампион пак, Ростов Дон, преку натпреварите од домашниот шампионат  ја темпира формата за натпреварите од Лигата на шампионките. Овој пат составот на Уфа – Алиса гостуваше во Ростов и сосема очекувано беше високо поразен. Ростов Дон триумфираше со убедливи 40:17 (22:8) во рамките од 11-то коло од Супер лигата во Русија.

Нападот на Ростов Дон го предводеше Степанова со осум погодоци. Во поразениот табор најефикасна беше Одрузова со пет погодоци.