Динамо му пресуди на Вардар: Ѓер следниот противник на македонскиот шампион

Во последниот натпревар од главната фаза во Лигата на шампионките, ЖРК Вардар пред своите навивачи во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, го совлада рускиот шампион Динамо Синара со резултат 28-27 (15-13). Со оваа победа вардарки се пласираа на третата позиција и во четвртфиналето ќе се сретнат со екипата на Ѓер.

strong>ЖРК Вардар – Динамо Синара 28-27 (15-13)

Почетокот на овој меч ја откри тежината на овој натпревар за „црвено-црните“. Русинките стартуваа моќно преку бековската линија Кончетова, Акопјан и Дмитриева. Серијата на русинките од три голови во низа ја пресретнаа Вардарки за 7-4 по 13 минути игра.
000_1318
Највисока предност за Вардар ја обезбеди Пенезиќ во 17-та минута за 9-5. Русинките по три минути игра се вратија резултатски во натпреварот за минимално водство на црвено-црните од 9-8. Во период кој го одбележаа техничките грешки во нападот на обете екипи, одбраната на домаќинките не се покажа како најсилното оружје на Вардар се до моментот кога Питлик не повика тајм-аут.
000_1377
Дембеле во 28-та минута постави нови три разлика за Вардар 14-11. Вардар не успеа да ја одржи разликата од три голови бидејќи Кончетова со фантастичен погодок од 15 метри со звукот на сирената ги постави конечните 15-13.
000_1191
Второто полувреме започна со погодокот на Дембеле за ново водство на Вардар од три голови, а во 38-та минута Леќиќ повторно ги постави највисоките четири голови предност за 19-15. Во 41-та минута Ања Алтхаус има шанса да го донесе првото водство за Вардар од пет голови, но Седојкина со одлична интервенција ги задржа надежите на русинките за поволен резлутат.

Во 48-та минута Фанина го донесе првото израмнување на резултатот во вториот дел  за 22-22, а минута подоцна Петрова го обезбеди првото водство за рускиот шампион.Русинките го одржуваа минималното водство до 54 минута, а тогаш на сцена стапи Андреа Пенезиќ која со два погодока по ред повторно го врати Вардар во водство од 26-25 на три минути до крајот. Последните две минути и припаднаа на Ања Алтхаус која најпрво погоди за 27-25, а со својот петти гол донесе водство од 28-26. Последниот погодок го постигна Ведекина од седум метри за конечни 28-27.

Најпрецизна во редовите на Вардар беше Андреа Пенезиќ со 7 голови, а Ања Алтхаус постигна 5.Кај Динамо Синара Кочетова постигна 11 погодоци.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ

Забрането превземање на фотографии без одобрение од Редакцијата