Динамо Волгоград прв патник на фајнл-фор турнирот во Будимпешта!

Ракометарките на Динамо Волгоград пред своите навивачи ја совладаа Баја Маре со 30:25 (18:11) и обезбедија пласман на фајнл-фор турнирот во Будимпешта. Екипата на Баја Маре на првиот натпревар триумфираше со 25:23 (11:12), резултат кој не беше доволен за пласман во самата завршница.Рускиот шампион за прв пат во својата историја се пласира меѓу најдобрите четири екипи во Лигата на шампионките.

Најефикасна на натпреварот беше Олга Левина со седум погодоци. Во составот на Баја Маре се истакнаа Насименто и Давиденко со по пет погодоци. Нашата репрезентативка Елена Ѓоргиевска не успеа да се запише во листата на стрелци.

Динамо во Рускиот Куп не обезбеди ни пласман меѓу најдобрите четири екипи, а во Супер лигата моментално е на петтото место зад Астраханочка, Лада, Звезда Звенигород и Ростов Дон.