Димовски: Ќе бидеме задоволни да ја завршиме сезоната со 6 бодови!

Пред почетокот на натпреварот против Ла Риоха, македонскиот првак Металург ја одржа својата редовната прес-конференција.
Лино Червар, тренер на екипата:
По подолго време, по 10 дена турбуленции тука сме пред вас во очекување на реваш дуелот против Ла Риоха во сабота. Како што знаете првиот натпревар го игравме во сосема различна постава од претходните натпревари со македонски ракометари задоволен бев со борбата, но во вториот дел се виде дека немаме ширина. Ла Риоха треба да ја респректираме тие имаат на сите битни позиции два подеднакво квалитетни играчи. На надворешните позиции имаат одлични шутери и со нив ќе имаме доволно проблеми. Ќе се бориме и ќе се обидеме пред нашите навивачи со ваков состав, Металург да продолжи гордо да игра во Европа и тука. Металург сеуште е актуелен првак на Македонија тој постигна нешто што никој друг не постигнал, од квалификациите да влезат во последните 8. Кога говориме за чесност, Македонија може да има два милиони чесни луѓе, а за ракометот вистината е само една, тоа се резултатите, а со Металург има со што да се гордееме.
Ванчо Димовски, ракометар на РК Металург:
Противник кој е доста квалитетен Ла Риоха е една од тие екипи кои го бараат своето место во топ 16,се работи за екипа која доаѓа од земја светскиот првак, влеговме во овој циклус преполовени, ја гледавме нашата шанса таму, но се надеваме дека ќе пробаме да ги израдуваме нашите навивачи во сабота ќе бидеме задоволни да се збогуваме со 6 бода, се надевам барем до полусезоната да издржиме во овој состав.
Китевски Левче, претседател на клубот:
Ќе се заблагодарам на сите симпатизери и навивачи, на сите што имаат сезонски карти сакам да им порачам дека ќе им се одолжиме, ќе направиме се, Металург да се врати со позитивни резутати на старите патеки. Сезоната е долга, а на крај се сумираат резултатите.