Димовски, Ѓоргоноски и Лазаров со посебни признанија од РФМ (ФОТО)

Пред почетокот на денешниот квалификациски натпревар, македонските репрезентативци Кирил Лазаров, Ванчо Димовски и Горан Ѓоргоноски добија признанија од страна на македонската ракометна федерација.

Ванчо Димовски и  Горан Ѓоргоноски добија врамени дресови како благодарност за нивниот придонес во македонската репрезентација, додека Кирил Лазаров доби плакета како честитка за првиот трофеј во Лигата на Шампионите која ја освои со екипата со Барселона.

FLP_8270 FLP_8237 FLP_8233 FLP_8247FLP_8255

 

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ