Димовски: Возот тргна, сеуште имаме шанса да се качиме во него!

Пред натпреварот од четвртото коло од Лигата на шампионите во кој македонскиот шампион Металург го пречекува првакот на Германија, екипата на големиот Кил, домаќинот ја одржа својата прес-конференција.
Лино Червар, шеф на стручниот штаб:
Играме со Кил, како што ви е познато во првиот дел од натпреварите не бевме успешни, малку ни е жал за последната утакмица игравме добро и требаше да победиме. Идеја и визија имаме како треба да се развива нашиот клуб, видовте во Загреб на 11-11 го вметнавме Нелоски во игра и постепено ги интегрираме помладите ракометари. Сакаме нашите деца, нашите ракометари да учат да бидат добри луѓе, а потоа и добри ракометари. Не сакам да губам, а во животот ако сакаш да створиш нешто мора да знаеш да губиш. Секако дека размислуваме на Кил и секако дека се подготвуваме, независно од тоа во кој состав ќе играме ќе се бориме, знаеме кој е Кил, но ние ќе се бориме до крај. Многу се опасни на надворешните позиции Дувњак, Палмерсон, Вујин познати репрезентативци интернационалци, но покрај тоа секој е ранлив, на нас е да не жалиме труд, борба и храбростна овој меч
Ванчо Димовски, ракометар:
Сите знаеме за каков противник се работи и со каков квалитет располага. Последен натпревар од првиот циклус е пред нас, во претходните кола не заслуживме да бидеме со 0 бодови, но тоа е спортот имавме лош распоред и немавме среќа, работите околу нас и атмосферата не беше вистинска, се надеваме овој прв циклус да го завршиме позитивно и да се подготвиме за гостувањето во Шпанија. Тргна возот, но уште имаме шанси да се качиме во него.
Натпреварот се игра во сабота со почеток во 21:00.