Димова „удри“ по своите: Деспина со гостинска победа над Овче Поле

Ракометарките на Деспина ја прославија и втората победа сезонава во Женската Лига. Интересно е што и втората е остварена на гостински терен, овојпат на незгодното гостување во Свети Николе кај Овче Поле СУ со 21:23.

Во првиот дел се играше главно гол за гол, а ниту една од екипите не поведе со повеќе од 2 гола разлика, пред на пауза да се замине со водство за Деспина од 11:13. Во вториот дел Овче Поле се доближи на минус 1, но во финишот немаше сили и гостинките го затворија мечот со 21:23.

Најдобра поединка во тимот на Деспина беше довчерашната ракометарка на Овче Поле, Диана Димова со 8 голови, додека кај домаќинот се истакнаа Марија Анчева и Ангела Саздова со 8, односно 7 голови.