Димитриоски: Слабата одбрана и промашените зицери си го сторија своето

По одличните резултати во Лигата на шампионите, ракометарите на Металург се поразени во СЕХА Лигата од словенечкиот вицепрвак Горење со 24:29. Можеби истрошеноста од гостувањата во Украина и Русија беше пресудна за поразот, но од домашниот тим не беа задоволни и од судењето на овој дуел. Димитар Димитриоски се врати во ростерот на Металург и беше стрелец на 4 голви.

„Честитки за гостинските играчи. Кај нас пресуди слаата одбрана и промашените зицери. Ни останува време додека трае ЕХФ Неделата да се подготвиме за следните мечеви, да анализираме тоа што треба и да ги најдеме нашите грешки.“ – изјави Димитриоски.