Дeлириум во Борис Трајковски: Фантастичен Мојсовски за прва победа на Металург

Екипата на Металург во својот шести натпревар во групата А во ВЕЛУКС ЕХФ ЛШ, во една трилер завршница успеа да стигне до својата прва победа совладувајки ја екипата на шпанска Натурхаус Ла Риоха со 29-28. Наумче Мојсовски е херојот на Металург кој со својот 11 погодок во последните секунди од натпреварот, му ја донесе првата победа на својот тим и ја круниса својата фантастична игра оваа вечер.ГРУПА А

МЕТАЛУРГ- НАТУРХАУС ЛА РИОХА 29-28 (15-16)

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Металург и Ла Риоха во Борис Трајковски. Металург преку расположените Мојсовски и Вугринец го имаше водството на своја страна во поголемиот дел на првото полувреме, кое во 20 минута со голот на Георгиевски ги достигна највисоките +3, 12-9. Но, во последните десетина минути од првиот дел Металург имаше доста технички грешки во нападот кои шпанците ги казнуваа преку контра напади најчесто преку искусниот Хуанин Гарсија кој постигна 4 погодоци во тој дел од мечот. Тоа беше период во кој Ла Риоха комплетно го сврте натпреварот во своја корист, и при негатива од 13-12 успеа да направи серија од 4-0 и да поведе со 13-16 во 28 минута. Сепак Металург во своите редови го имаше расположениот Вугринец кој со два гола по ред (постигна 7 гола во првиот дел) успеа да намали на -1, со што ги постави конечните 15-16 на полувреме.

И во второто полувреме се играше гол за гол, а со двата гола на Мојсовски, Металург поведе со +2, 22-20 во 49 минута. Но како и во поголемиот дел од денешниот натпревар Ла Риоха многу бргу се врати во игра, најпрво израмнувајки на 22-22 со головите на Санчез и Родригез во 57 минута.Но Металург не се предаваше на овој натпревар, а посебно беше видлива желбата кај Наумче Мојсовски да ја докаже својата класа. Најпрво Димовски израмни на 28-28 на триесетина секунди до крајот на натпреварот, а по промашениот напад на шпанскиот состав остааа уште петнаесет секунди за Металург да го добие овој натпревар. Работите во свои раце ги превзема Наумче Мојсовски кој со својот 11 погодок од 9 метри на пет секунди до крајот ги постави конечните 29-28, со што ја донесе првата победа за Металург оваа сезона и ги задржа шансите за пласман помеѓу првите четири екипи во групата А.
Мојсовски со 11 и Вугринец со 10 погодоци беа вистински лидери во нападот на Металург, а во шпанскиот состав најпрецизен беше Хуанин Гарсија со 6 погодоци.

Следниот натпревар на 30.11.2014 Металург гостува на екипата на ПСЖ.