Дибиров ја доби довербата на дописниците на ЕХФ

После тренерите и Forum Club Handball дописниците на ЕХФ ги дадоа своите гласови за најдобрите ракометари во групната фаза од Лигата на шампионите.

Кај нив се најде и еден ракометар на Вардар во најдобрата седумка. Тимур Дибиров доби место во тимот на дописниците така што ќе биде во битка за тимот на сезоната и тоа во групната фаза.

Во тимот има двајца ракометари од Барселона, а другите доаѓаат од различни клубови.

ОЛ-СТАР ТИМ СПОРЕД ДОПИСНИЦИТЕ НА ЕХФ

ГОЛМАН: Гонзало Перез де Варгас (Барселона)

ЛЕВО КРИЛО: Тимур Дибиров (Вардар)

ЛЕВ БЕК: Нико Ронберг (Рихимаен Кокс)

ЦЕНТАР: Барис Пухоуски (Мотор Запорожје)

ДЕСЕН БЕК: Дика Мем (Барселона)

ДЕСНО КРИЛО: Златко Хорват (ППД Загреб)

ПИВОТ: Николас Турно (Нант)

ДЕФАНЗИВЕЦ: Хорхе Македа (Пик Сегед)

МЛАД РАКОМЕТАР: Валтер Хринц (Кристијанштад)

ТРЕНЕР: Чави Пасквал (Барселона)