Дибиров со последен поздрав: Македонци, фала ви за се!

По најавата за повлекувањето на Сергеј Самсоненко од Вардар, сите ракометари веќе почнаа да си бараат нови средини за следната сезона.

Еден од играчите со најдолг стаж во овој состав на Вардар е левото крило Тимур Дибиров, со кој практично и започна проектот на Самсоненко.

Тој е најблиску до трансфер во белорускиот првак Брест Мешков, а на социјалните мрежи го најави последниот дуел на домашен терен во ЛШ против ПИК Сегед.

„Македонија и Македонци, фала ви за се“, напиша Дибиров.

 

View this post on Instagram

 

Last game🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰Fala za se Macedonia I Macedonci🙏🏻🙏🏻🙏🏻🙏🏻🔴⚫️

A post shared by Timur Dibirov (@timurdibirov31) on