Дибиров со порака преку Фејсбук: Ќе горат Скопје и Јане Сандански. Напред Вардар!!

По вчерашниот пораз на Вардар во натпреварот против Висла, се огласи Тимур Дибиров преку Фејсбук и вети дека неговата екипа ќе го добие реванш натпреварот во сабота.

Во продолжение прочитајте ја неговата објава.

Фала ви на сите кои дојдовте во Плок и не бодревте. Тие 15 минути ни помогнаа да ја вратиме разликата. Фала ви и на тие кои што навивате преку телевизија. Ќе ја вратиме самодовербата на сите овие луѓе и во сабота ќе згазиме. 5000-8000 луѓе ќе бидат во сала и сигурен сум во победата. Ќе горат Скопје и Јане Сандански таа ноќ. Верувам во сите. Напред Вардар!!