Дибиров со најдобар гол на седмото коло во Лигата на шампионите!(Видео)

ЕХФ ги објави најдобрите погодоци и одбрани за седмото коло од Лигата на шампионите, а РК Вардар имаше учесник во двата избора во името на Тимур Дибиров. Одличната одбрана на Скок по обидот на Дибиров од контра-напад се најде на второто место на најдобри одбрани за ова коло, но токму Дибиров го освои првото место за најдобар гол на седмото коло со одличен обид, од речиси мртов агол со удар својствен само за големиот мајстор.