Дибиров посети македонско училиште, учениците со солзи радоснци пред својот херој (ФОТО)

Тимур Дибиров беше гостин во ООУ „Владо Тасевски“ во Скопје и им раскажа на учениците како е да се биде европски првак, повторно.

Трофејот освоен во Келн во Лигата на шампионите викендов беше дополнителен мотив за учениците да се фотографираат, а од Дибиров да побараат и автограм. Со солзи радосници, многу емоции, возбуда и среќа беше исполнет денот во училиштето.

„Среќни сме шт ни се исполни желбата. Учениците треба да имаат идол и звезда што ќе им биде пример. Имаме многу деца спортисти, а сега уште повеќе изразуваат желба да се занимаваат со спорт. Верувам дека и во нашето училиште ќе имаме ракометно школо што ќе биде дел од вардаровото ракометно семејство“, изјави Елка Даскалова, директорката на ООУ „Владо Тасевски“.