Дибиров: Останувам во Вардар и следната сезона!

Еден од играчите кои беа дел од двете титули, но и играч кој учествуваше во градењето на Вардар, Тимур Дибиров е задоволен од тоа како се одвиваат работите во клубот и веќе нема дилеми околу неговата иднина.

Сите претходни информации дека би можел да си замине остануваат во минатото така што тој и понатаму ќе биде дел од „црвено-црните“.

„И следната сезона останувам во Вардар. Клубот ќе биде спасен. Ситуацијата е веќе многу подобра“, коментира Дибиров за медиумите од Русија.

Ова значи дека Вардар веќе почнува да го гради тимот за следната сезона и дека полека станува јасно дека и следната сезона Вардар ќе биде силен.