Дибиров: Нема калкулации, и ние и Веспрем влегуваме максимално во финалето! (ВИДЕО)

По неизвесниот прв натпревар против ППД Загреб, македонскиот шампион имаше ден одмор пред последниот, финален натпревар во СЕХА лигата. Веспрем е противникот кој ќе го одбележи април за Вардар, a за првиот од трите дуели со истиот противник кои следуваат, Тимур Дибиров за 24Ракомет ТВ најавува беспоштедна борба без калкулации за победа во големото финале.

Македонскиот шампион отиде чекор понапред од минатогодишниот настап на Фајнл-фор турнирот во Веспрем, а со евентуална победа ќе се врати на врвот на СЕХА каде веќе се искачи два пати. .Двата противници многу добро се познаваат меѓу себе, станува збор за едни од најдобрите тимови во Европа па во недела од 19:00 часот не очекува финален натпревар за сите ракометни сладокусци. Комплетната изјава на Тимур Дибиров погледнете ја во видеото подоле.