ДИБИРОВ: КАРАЧИЌ ЌЕ СЕ ВРАТИ ВО ВАРДАР ЗА КРАТКО ВРЕМЕ!

Ракометарите на Вардар веќе се на пат кон градскиот плоштад за да прослават заедно со многуте навивачи.

МВП на Ф4 беше Игор Карачиќ, кој од следната сезона ќе ги брани боите на Келце, но Тимур Дибиров вели дека нема да издржи долго време таму.

„Карачиќ нема да издржи долго во Келце, ќе се врати по само една полусезона“, вели Дибиров.