Дибиров и Горбок им објаснија на кошаркарите како се освојуваат титули во низа (ФОТО)

Ракометарите на Вардар ја освоија петтата титула во регионалната СЕХА лига, а трета во низа, од досегашните осум изданија на ова натпреварување, откако славеа над Загреб со 26-23.

Веднаш по финалниот дуел, петтемина руски интернационалци во Вардар, мораа да заминат на воз до Москва, со оглед на тоа што ги чека репрезентативна акција од понеделник.

Русите ќе имаат три слободни денови, а првиот го искористија за да го гледаат натреварот од кошаркарската Евролига меѓу ЦСКА Москва и Басконија, а се појавија и во ТВ преносот како специјални гости.

ЦСКА Москва седум сезони по ред обезбедува место на завршниот турнир во Евролигата, но последната титула ја освои во 2015 година.