Дибиров добива поддршка: Димитриоски со деби настап и деби гол за Вардар (ВИДЕО)

Првиот натпревар за Вардар на Супер Глоуб турнирот во Дамам во Саудиска Арабија донесе можност за настап и на помладите ракометари кои на турнирот допатуваат подоцна поради проблемите со летот од Скопје до Истанбул. Тоа не им беше пречка за да одиграат и да дадат свој придонес во победата против тимот на Ал Мудар.

Репрезентативецот на Македонија, Димитар Димитриоски својот деби гол го постигна во 55. минута за 32:23 во тие моменти, а погодокот дојде после додавање на Дејан Кукуловски, уште еден ракометар кој минатото лето играше на ЕХФ-шампионатот во Скопје. Инаку и двајцата се дел од генерацијата која во 2017 година го освои 6. место на Мундијалот во Алжир. Ова беше првиот од двата гола на оваа средба за Димитриоски.

Како изгледаше првиот официјален погодок за Димитрииоски (дојде летово од Металург) во дресот на Вардар погледнете во продолжение.