Дибиров: Ако и на овој резултат останат рамнодушни, да си спакуваме патиките…

Едно од главните прашања после освојувањето на титулата во Келн беше и што ќе се случува сега со Вардар. Некои од ракометарите имаа интересни размислувања, а меѓу нив беше и Тимур Дибиров, кој смета дека после ваков успех не може да верува дека никој не би сакал да вложи во Вардар.

„Ако после ваков момент никој не сака да биде дел од Вардар и да вложува тогаш не знам што правиме повеќе во ракометот. Сите треба да ги спакуваме патиките и да се збогуваме со ракометот. Не знам кој може да остане рамнодушен на овој резултат“, коментираше Дибиров.