Дејвис: Ова беше најлошиот натпревар откога сум на клупата на Вардар

Човекот кој по доаѓањето на клупата го препороди Вардар-Давид Дејвис спортски го призна вечерашниот пораз од Букурешт. Вардарки го одиграа еден од најлошите натпревари во оваа сезона по кој сосема заслужено трета година по ред се елиминирани во полуфиналето на завршниот турнир.

“Честитки до Расмусен и неговите ракометарки за вечерашниот триумф.Ова беше најлошиот натпревар за Вардар откога сум јас на клупата. Одигравме лошо, се што направивме на теренот беше лошо, не надиграа и затоа мора да им честитаме”.