Дејвис: И од доброто има подобро

Вардар со високата победа над Астраханочка го потврди пласман во главанта рунда на Лигата на шампионите, но вистинските искушенија допрва претстојат, а тоа се гостувањата кај Лајпциг и ФТЦ, каде ќе се бркаат победи. Новиот тренер Давид Дејвис ја оствари првата победа како тренер на Вардар и вели дека е задоволен од играта, но дека секогаш може подобро.

„Астраханочка играше солидно на овој натпревар. Тие имаат многу добри млади играчи и оваа екипа сигурно ќе созрее следните години. Ние направивме неколку грешки, но сепак одигравме добро. Овој натпревар ни беше добра подгтовка за ФТЦ и гостувањето во Будимпешта. Денес сите добија шанса за игра. Јас сум во принцип сум задоволен од денешното издание. Ова беше само прв чекор до Ф4, но и од доброто има подобро.“ – изјави Дејвис.