Дејвис дебитираше на клупата на Русија

Помошникот на Раул Гонзалес, Давид Дејвис не беше на клупата на Вардар на последните два меча одиграни во СЕХА-лигата против ППД Загреб и Целје, а причината за тоа е во активностите коишто ги има селекцијата на Русија. Тој е во стручниот штаб на селекторот на Русија, Едуард Кокшаров така што веќе дебитираше на клупата на „Зборнаја“.

Русија се подготвува за квалификациите за бараж за Мундијалот во 2019 година. На 25 октомври ќе игра дома против Словачка, а три дена подоцна ќе и гостува на Финска. Тоа ќе бидат првите два официјални дуели на Русија предводена од двоецот од Вардар. Кокшаров е спортски директор, а Давид Дејвис работи со Гонзалес во машката екипа. Инаку, минатата година двајцата соработуваа на клупата на женскиот тим на Вардар.