Дејан Манасков: Со две победи сега, напролет веќе можеме да си обезбедиме ново ЕП

Репрезентацијата на Македонија денеска се сели во Битола каде утревечер го игра првиот меч од квалификациите за ЕП 2020 против селекцијата на Турција. Ракометарите се подготвени за новиот предизвик и веруваат дека можат да тргнат со две победи во новиот квалификации.

„Фаворити сме на двете средби. Играме дома против Турција и приоритет ни е победата. Сакаме да ги добиеме двете средби и да си обезбедиме полесно лето доколку напролет против Исланд успееме да продолжиме во ист стил. Сметам дека можеме уште тогаш да знаеме дали сме се пласирале на првенството“, коментираше Дејан Манасков за 24 Ракомет.

Македонија е во веќе познат состав со ракометари кои играа заедно на повеќето првенства во последните неколку години што секако ќе биде плус.

„Долго сме заедно и се знаеме одлично и нема што да зборуваме посебно. Веќе го знаеме добро системот, па можеме само да одиме понатаму“, изјави Манасков.