Дејан Манасков после одличната партија: Значајна победа во многу тежок меч

Македонскиот интернационалец во редовите на Веспрем, Дејан Манасков имаше одлична вечер на дуелот против Кил и беше од голема помош во победата на својот тим. Ова беше натпревар кој беше од голема важност за Веспрем, а Манасков покажа дека заслужува да има голема минутажа на секој од натпреварите.

„Среќни сме за двата освоени поени. Одигравме навистина тежок натпревар. Прикажавме две различни полувремиња. Во првиот дел иако не игравме толку лошо, промашивме многу зицери, затоа во второто полувреме бевме подобри во одбрана и бевме поконцентрани во финишот, затоа на крај се радувавме на оваа победа“, изјави Манасков.