Дејан Манасков: Нијанси ќе го одлучат победникот (ВИДЕО)

Вардар и ППД Загреб утре во рамките на фајнл-фор турнирот во СЕХА лигата го играат својот прв полуфинален натпревар на кој ќе се борат за да бидат дел од финалето в недела во Вараждин. Левото крило на црвено-црните, Дејан Манасков го респектира противникот но смета дека Вардар е доволно спремен и ако одиграат како што знаат триумфот нема да изостане.

Дејан Манасков: „Загреб направија сензација. Никој не очекуваше дека после изгубениот натпревар од Левен ќе поминат, но успеаја во тоа. Имаат добра екипа и тренер. Ќе биде доста тежок дуел утре. Ќе одлучуваат нијанси кој ќе биде победник.  Ние добро се спремивме и ако одиграме како што знаеме , треба да победиме. “

На прашањето каде ја гледаат вардарци својата шанса против Загреб, Манасков истакна дека цврстата одбрана и лесните голови би биле клучот за победа.

Натпреварот се игра утре со почеток од 20:30 часот.