Дејан Манасков е ЕХФ играч на месецот

Од почетокот на јануари, европската ракометна федерација преку својата мрежа на новинари одбира најдобар играч на месецот. Јуни го одбележаа бараж дуелите за Светското првенство во Франција, а Македонија имаше тешка задача да премине преку последната пречка до нов ракометен мундијал.

На 16 јуни македонската ракометна публика прослави нов голем успех на националниот тим, а конечната победата за Македонија значеше убедлив триумф во Скопје. Токму на овие натпревари веќе стандардно  еден од најдобрите ракометари беше Дејан Манасков. Левото крило на Рајн Некар Ловен постигна вкупно 14 голови на двете средби од бараж дуелот против Чешка, а одличната игра жирито составено од ЕХФ новинари го награди со титулата играч на месецот.

 “Морам да признаам дека тоа е големо признание за мене бидејќи доаѓа од ЕХФ. Се надевам дека во иднина ќе следат уште повеќе награди, не само за мене туку и за останатите македонски играчи. Знаевме дека нема да биде лесно во бараж дуелите, но доколку се земе во предвид мечот кој го одиравме на гостински терен, може да кажеме дека го потценивме противникот. Игравме лошо на првиот дуел и шестте голови разлика беа отрезнување пред возвратниот меч во Скопје. Успеавме да ја превземеме иницијативата и да победиме пред наша публика. Оваа победа е значајна бидејќи нашиот национален тим ќе го продолжи континуитетот со настапи на големи настани затоа сум среќен што повторно ќе играме на Светско првенство.- истакна Манасков.

Наградата за ракометар на месец јуни, Дејан Мансков ја освои оставајќи ги зад себе Деан Бомбач, Сергеј Рутенка, Петар Ненадиќ и Мате Лекај.