Деспотовиќ и се придружува на Кликовац во Дебрецен

Репрезентативката на Црна Гора и членка на ЖРК Будуќност, Јелена Деспотовиќ следните две сезони ќе настапува во Унгарија за клубот Дебрецен. Младата и талентирана ракометарка од Будуќност на некои натпревари во рамките од Лигата на шампионките беше џокерот на тренерот Драган Аџиќ. Деспотовиќ беше една од најзаслужните и за ремито на Будуќност против ЖРК Вардар во Скопје. Деспотовиќ во Дебрецен ќе биде втората Црногорка, веќе таму една сезона настапува Бобана Кликовац која беше дел од вториот тим на ЖРК Будуќност.

Деспотовиќ во својата кариера настапуваше за МТК Будимпешта, ЖРК Бисери како и за сите помлади категории на ЖРК Будуќност. Со репрезентацијата на Црна Гора го има освоено златниот медал на ЕП во Србија ( 2012).

Фото: AFP