Десподовска ѝ ја донесе првата победа на Пјотрковија

Македонската репрезентативка Зорица Десподовска беше најзаслужна за првата победа на Пјотрковија во полскиот шампионат оваа сезона. Нејзиниот тим славеше на гостувањето кај Кобјержице со 26:24, во натпревар од 8 коло.

Десподовска беше најдобра во составот на Пјотрковија со 8 постигнати голови, од кои 3 беа од пенал. Иако Пјотрковија ја забележа првата победа, сепак остана на дното, но разликата со екипите од горниот дел не е голема, па со уште некој триумф може да се напредува брзо. Следниот меч за Десподовска и нејзините колешки е на домашен терен против Заглебје.