Десподовска ја засилува одбраната против Швеѓанките

Поради повреда ги пропушти бараж дуелите против Швеѓанките и недостигаше во бековската линија, а сега Зорица Десподовска е подготвена и сега ќе има повеќе избор и за нападот и за одбраната. Денеска во 18:30 на првиот меч од квалификациите и таа ќе биде во составот, па останува да се види како ќе тече играта.

„Се знае фаворитот на овој дуел, но ние нема да се откажеме. Ќе играме борбено и најважно е да прикажеме колективна игра. Очекуаме формата да оди во нагорна линија и денеска очекувам да одиграме добро.

Според она што го работеа на тренинзите, таа очекува да игра повеќе во одбраната.

„ На тренинзите работев главно во одбрана и се надевам дека ќе помогнам. Ни треба поагресивна одбрана. Ако успееме да го направиме тоа тогаш во напад ќе успееме да покажеме подобра игра. Не можам да речам дека очекуваме триумф на овој дуел бидејќи ни е јасно на сите дека Шведска е огромен фаворит, но ќе се потрудиме да извлечеме колку е можно подобар резултат“, изјави Десподовска.e