Десподовска стопроцентна, Пјотрковија само до бод

Македонската репрезентативка Зорица Десподовска, која од летово се пресели во полскиот шампионат, имаше добра реализација на мечот против Гдањск од второто коло, кој заврши нерешено, 19:19.

Таа беше стрелец на 3 голови од 3 обиди, а нејзината екипа го освои првиот бод. Во следното коло Пјотрковија ќе игра на гости со Нови Сач.

Фото:krzysiek.betnerowicz/KBSportFoto