Десподовска најдобра, но Пјотрковија повторно поразена

Македонската репрезентативка Зорица Десподовска игра во одлична форма пред стартот на квалификациите за пласман во баражот за СП кои ќе се играат на Фарските Острови на почетокот на декември.

Таа втор пат по ред беше најдобар стрелец во нејзиниот тим, а овојпат даде 5 голови, од кои 1 од пенал, но Пјотрковија загуби на гостувањето кај Погон Шчечин Балтик со 26:20, во натпревар од 11 коло на полскиот шампионат.

Фото:KB Sport Foto