Десподовска и Пјотрковиа ја средија Јелениа Гора

Тимот на Пјотрковиа, каде втора сезона по ред настапува македонската репрезентативка Зорица Десподовска, забележа убедлива победа на гостински терен во полскиот шампионат. Пјотрковиа славеше над Јелениа Гора со 21:32, и по две кола има максимален учинок од две победи.

Десподовска на овој натпревар беше стрелец на 1 гол, но одигра одлично и во одбраната на победничкиот тим.

Селгрос Лублин, каде игра десното крило Елена Петковска победи дома против Кобиержице со 32:19, додека Погон Шчечин на Симона Стојановска, беше минимално поразен од Вистал Гдиња со 23:22.