Десподовска дебитираше за Пјотрковија

Македонската репрезентативка Зорица Десподовска која оваа сезона ќе го носи дресот на Пјотрковија, го имаше своето официјално деби за новиот тим во рамките на полскиот шампионат.

Во првото коло Пјотрковија е поразена на гостувањето кај Старт Елблаг со 29:20, а Десподовска на овој меч беше стрелец на 2 гола. Во следното коло тимот на македонската репрезентативка ќе игра на домашен терен против Гдањск.