Десподовска: Го заслуживме пласманот во баражот

Македонската ракометна репрезентација во рамките на квалификацискиот циклус за пласман во бараж дуелите на Светското првенство 2017 година, со две победи и пораз го обезбеди второто место во групата и заедно со Австрија го продолжува својот пат до Мундијалот. Левиот бек Зорица Десподовска смета дека Македонија оди заслужено во баражот.

„Јас мислам дека со Австрија влеговме со преголема желба и мотивација. Проблемот беше во големата желба и неискуството, ја изгубиве главата и не одигравме дисциплирано. Според мене Австрија за нас беше потежок противник од Исланд бидејќи имаат побрза игра. Но сепак тоа не е одговор за нашата лоша игра. По тој натпревар се потрудивме да се сконцентрираме за Исланд да одиграме паметно и колективно, а не само мотивирано. Тоа ни донесе многу подобра игра. Сепак желбата за победа на овој турнир беше преголема, па ќе беше жално да не обезбедиме пласман во бараж. Го заслуживме тоа.“ – изјави Десподовска.