Деспина и Гевгелија како фаворити пред своја публика

Ракометарите од Прилеп и од Гевгелија денеска очекуваат нови победи во домашното првенство. Со оглед на тоа што играат пред своја публика против екипите кои се на дното на табелата.

Деспина го има Овче Поле кој е последен на табелата и тука е голем фаворит така што не се очекува проблем за бодовите.

Не се очекува да има и проблеми за тимот на Гевгелија против Цемс така што ова треба да биде ден на домашните тимови во плеј-аут лигата.

ЖЕНСКА ЛИГА, ПЛЕЈ-АУТ

ДВОЈКИ ЗА 3. КОЛО

САБОТА, 6 АПРИЛ

16:00ч

ДЕСПИНА – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Сашо Младенов од Скопје.

17:00ч

ГЕВГЕЛИЈА – ЦЕМС

Сала: 26 Април во Гевгелија. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

СПАРТАК е слободен

ТАБЕЛА: 1. Спартак 25 бода (340:259); 2. Деспина 19 (291:251); 3. Гевгелија 18 (254:235); 4. Цемс 9 (261:304); 5. Овче Поле СУ 0 (186:293).