Деспина го растури Спартак во дербито

Во плеј-аут конкуренцијата во Женската лига се сретнаа екипите кои се на првите две места на табелата. Водечкиот Спартак беше домаќин на составот на Деспина. Поуспешни беа гостинките кои славеа убедлива победа 26:34 кај конкурентот за првата позиција.

Почетокот на натпреварот навестуваше дека составот од Прилеп е дојден по бодовите во Скопје. Од почетокот водството беше на нивна страна, прв пат со поголемо водство поведоа 13:8. Сепак ракометарките на Спартак се вратија во натпреварот и до полувремето успеаја да ја анулираат негативата и да поведат 16:15, резултат кој беше актуелен во првите 30 минути.

Во продолжението предността повторно беше на страната на Деспина. Постојано имаа водство од еден-два гола се до финишот кога Спартак многу го намали нивото на игра и дозволи гостите да направат недостижна предност, 22:27. До крајот само растеше разликата и Деспина извојува многу важна победа.

Најефикасна во составот на Спартак беше Марија Николовска со постигнати 11 гола, но без потребната поддршка од соиграчите за позитивен резултат. Во екипата на Деспина десет гола постигна Михаела Камческа, а Сања Цветкоска седум пати стрелаше прецизно.

СПАРТАК – ДЕСПИНА 26:34 (16:15)

Сала: ОУ Круме Кепески во Скопје. Гледачи: 100 Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

Спартак: Андонова, М.Николовска 10, А.Николовска 6, Младеновска, Сандева, Стефановска 3, Величковска 1, Андова 3, Божиновска 2, Мартиновска.

Седмерци: 5/6. Исклучувања: 4 мин.

Деспина: Димитриеска, Боризоска, Е.Рипилоска, Камческа 1, Крстевска 4, Цветскоска 7, Спиркоска, Ристевска, Димитрова 2, Јосевска 1, Богојеска 1, Камческа 10, Седлоска 1, Филипоска 1, Л.Рипилоска 6, Богеска.

Седмерци: 4/6. Исклучувања: 2 мин.