Деспина го плати кумановскиот долг

Ракометарките на Вардар Јуниор бргу го заборавија убедливиот пораз од Куманово и славеа во пресметката од 5 коло во Женската лига против составот од Прилеп, Деспина. Избраничките на Симе Симовски уште во првиот дел ја најавија победата, кога водеа со 16:11.

Но во вториот дел, гостинските ракометарки го искористија падот на младите вардарки, па стигнаа до нерешени 17:17, а гол за гол се играше до 20:20. Кога Камческа погоди во 54 минута за 22:21, до крајот таа и нејзините колешки не погодија ниту еднаш во мрежата на домаќинките, а тие пак со серија до 6 голови ја повтрдија победата со 28:21.

Најдобри во домашниот состав беа Анастасија Николовска со 6 голови, како и Милица Николиќ со 5, додека кај Прилеп се истакна Димова со 7 погодоци.