Десниот бек од Македонија без конкуренција: Мартин Серафимов стрелец број 1 во Плоцк

Репрезентативецот на Македонија, Мартин Серафимов постигна 34 гола на турнирот на кадетските селекции во Плоцк и со нив беше убедливо најдобриот стрелец на ова натпреварување.

Тој постигна 11 гола на првиот дуел против Белорусија, а против домаќинот Полска заврши со 14 погодоци. Денеска против Чешка заврши со девет така што беше далеку пред другите играчи коишто играа на овој турнир.

Инаку, Македонија заврши на последното место, но прикажа добри партии. Селекторот Брестовац виде на дело до каде се играчите и што ќе мора да се поправа во следниот период.