Десниот бек на Металург доби репрезентативен повик: Војислав Брајовиќ ќе игра за БиХ

Новиот селектор на Босна и Херцеговина, Билал Шуман, го објави поширокиот список на ракометари на кои ќе смета за квалификациските дуели со Шпанија и Австрија за пласман на ЕП во Хрватска во 2018 година.

На него се наоѓаат повеќе познати имиња за македонската јавност, многу ракометари кои играле за или против македонските екипи во европските и регионални натпревари. Едно од нив е и поранешниот српски јуниорски репрезентативец Војислав Брајовиќ, ракометарот на Металург, кој сега ќе игра за сениорската репрезентација на Босна и Херцеговина.