Деревен потврди! Три години во црвено-црниот дрес!

Русија загуби во вториот клучен натпревар за пласман на Светското првенство, повторно минимално, повторно драматично овојпат од Полска. Победата на „вардарците“ Данил Шишкарев, Сергеј Горбок, Михаил Чипурин и Тимур Дибиров им избега во последната минута, а новата руска ѕвезда која од следната сезона ќе ги брани боите на Вардар, Александар Деревен по натпреварот изјави:
Ништо не ни одеше од рака на крајот на натпреварот поради тоа што влезе Шмал кој што ги одбрани потребните топки и многу ми е жал што така заврши натпреварот.
Дали ви беше тешко да ги слушате полските навивачи?
Не, воопшто туку напротив беше пријатно да играш кога има таква поддршка а ние ги слушавме нашите навивачи и им благодариме на сите кои дојдоа да навиваат за нас.
Како понатаму?
Сегаме имаме ден одмор, ден за тренинг за да видиме до каде сме и што треба да поправиме за следниот натпревар. Не се предаваме и ќе се бориме до крајот.
Запрашан од македонските новинари за договорот со Вардар, Деревен потврди:
Да, вистина е, потпишав договор на три години.