Дерби средби за убав европски ракометен викенд

Овој викенд е предвиден за натпревари од Лигата на шампионите во машка конкуренција и тоа за 2. коло, но ќе има и еден натпревар од СЕХА-лигата кој е предвидено да се одигра утревечер од 19 часот.

Денешните дуели од Лигата на шампионите предизвикуваат поголемо внимание бидејќи има неколку дерби дуели. Знаете веќе дека повеќето средби од Лигата на шампионите ќе може да се следат исклучиво на Арена, па на вас е да одберете што ќе погледнете.

Секако за дуелите на Вардар и на Металург ќе морате во салите СЦ „Јане Сандански“ и СЦ „Борис Трајковски“ па ќе имате шанса на дело да ги видите ракометарите на двете екипи од Македонија кои играат во Лигата на шампионите.

Што се однесува до изборот за овој викенд најголемите возбудувања се очекуваат на пресметките меѓу Барселона-Веспрем, Келце – Рајн Некар и Пик Сегед – Нант.

ВИКЕНДОВ НА ТЕРЕНИТЕ НИЗ ЕВРОПА

САБОТА, 22.09.2018

15:00ч

ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ – СПОРТИНГ (Лига на шампиони, Група Ц)

17:30ч

ВАРДАР – КРИСТИЈАНШТАД (Лига на шампиони, Група А)

18:00ч

КЕЛЦЕ – РАЈН НЕКАР (Лига на шампиони, Група А)

БАРСЕЛОНА – ВЕСПРЕМ (Лига на шампиони, Група А)

ТАТРАН ПРЕШОВ – БЈЕРИНГБРО (Лига на шампиони, Група Ц)

18:30ч

МЕШКОВ БРЕСТ – МОНПЕЛЈЕ (Лига на шампиони, Група А)

19:30ч

АДЕМАР ЛЕОН – ДИНАМО БУКУРЕШТ (Лига на шампиони, Група Д)

НЕДЕЛА, 22.09.2018

16:50ч

СКЈЕРН – МОТОР З. (Лига на шампиони, Група Б)

17:00ч

ПСЖ – ЦЕЛЈЕ (Лига на шампиони, Група Б)

МЕТАЛУРГ – БЕШИКТАШ (Лига на шампиони, Група Ц)

18:10ч

ЕЛВЕРУМ – ВИСЛА ПЛОЦК (Лига на шампиони, Група Д)

19:00ч

ПИК СЕГЕД – НАНТ (Лига на шампиони, Група Б)

ВОЈВОДИНА – ППД ЗАГРЕБ (Сеха лига)