Дерби дуел во Франција: ПСЖ го совлада Монпелје, продолжува борбата за титулата! (ВИДЕО)

Во дербито на Франција, ПСЖ го совлада Монпелје на гости со 28-32 (12-17), со што успеа да му се доближи на бод негатива, и најави неизвесна борба за шамппионскиот пехар.

Овој натпревар во многу можеше да ја одреди борбата за титула во ракометна Франција. Монпелје можеше да направи важен чекор кој освојувањето на титулата, но четата на Филип Гарден одигра на високо ниво и не му дозволи на противникот ни да помисли дека може да стигне до победата. ПСЖ ја имаше контролата во текот на целиот натпревар, а дуото Хансен (10 гола)-Омејер (12 одбрани) уште еднаш беа вистински лидери на теренот. Својата надмоќ гостите ја материјализираа уште по првите триесет минути кога имаа водство од +5(12-17). Високата предност рутински беше одржана и во второто полувреме за конечни 28-32.

Најефикасни во екипата на Монпелје беа Гигу со 7 и Кавтичник со 6 голови, додека Сиферт блескаше со 20 одбрани, а кај ПСЖ Хансен 10 голови и Омејер 12 одбрани.


LNH D1 2014-2015 J22 MONTPELLIER PARIS by LNH

photo: PSG Handball/facebook