Дерби во Битола: ЖРК Пелистер силите ќе ги одмери со ЖРК Вардар

Денес во спортската сала “Младост” во Битола ќе се одигра дерби натпреварот од петтото коло во женската Супер лига. Екипата на ЖРК Пелистер за противник го има вториот тим на ЖРК Вардар. И двете екипи имаат две победи и два порази, но поради подобрата разлика во останатите натпревари  ЖРК Вардар е на третата позиција. Натпреварот се игра со почеток од 18.00 часот